Ова е свет на Бикини, ние само живееме во него

Во ера на блокбастери кои чинат по стотици милиони долари и протагонисти се суперхерои, чудовишта и масивни роботи, новиот филм на Милчо Манчевски нуди искрен поглед на една искривена реалност, која сакајќи или несакајќи ќе ве натера да се прашате зошто животот не може да биде поедноставен.

Вчера бев да го гледам „Бикини Мун“, новиот филм на македонскиот режисер и сценарист Милчо Манчевски. Салата во киното Милениум беше мирна, тивка и се чувствуваше дека сите кои беа дојдени на проекцијата се љубители на филмската уметност, па и на самиот Милчо.

Почетокот на филмот беше бавен, збунувачки, на моменти шокантен, но доволно работи се случуваа на сребреното платно за да го задржат вниманието на гледачот. Приказната е прикажана преку објективот на една филмска екипа која снима документарен филм во еден јавен дом за бездомници. Таму и првпат се запознавам со Кејт (Сара Голдберг) и Тревор (Мет Јановиц). Поминуваат неколку минути, јас сѐ уште не знам што да очекувам од филмот, но сум многу внесен во приказната и не давам ништо да ме деконцентрира. И тогаш се појавува таа, Бикини (Кондола Рашад). Во истиот момент нешто одвнатре ми кажува дека ако таа е возачот, јас сакам да сум дел од ова возење. Бикини е поранешен војник која била пратена на должност во Ирак. Таа сега е бездомник кој е опседнат со богомолки и не може да се опорави од пост-воениот шок, па влегува во контакт со реалноста само кога ќе ѝ текне дека треба да ја најде нејзината ќерка, која ѝ е одземена бидејќи властите одлучиле дека таа не може да се грижи за неа.

Целата филмска екипа, предводена од Тревор, решава да ја следи нејзината приказна и да ѝ помогне на Бикини да ја најде нејзината ќерка, а за возврат бара само таа да дозволи сето ова да биде документирано на филм, кој ако биде успешен, би можел да ги однесе до голема слава на некој од независните филмски фестивали. Тука почнува “Bikini Moon”, документарниот филм за една бајка.

Излишно е да трошам зборови за тоа колку добар филмски работник е големиот Милчо Манчевски, но сепак сакам најпрво да упатам неколку пофалби во негова насока. Неверојатно добро е да се гледа филмско дело направено од човек кој точно знае што прави. Неоптоварен од желбата да се направи филм кој ќе биде на врвот на боксофисот, Манчевски си дава дозвола на себеси да биде максимално креативен.

„Бикини Мун“ е целосно снимен од перспектива на филмската екипа која работи на документарниот филм за Бикини, претставувајќи ја приказната на конфузен, но максимално реален начин, преку камерата на снимателот, преку телефонот и преку еден стар камкордер. Handheld (или found footage) начинот на снимање филмови знае да биде опасна алатка во рацете на недоволно способен режисер, бидејќи може комплетно да го уништи филмот. Внимателно избраните кадри, добрата координација на актерите пред камерата и одличното сценарио прават „Бикини Мун“ да изгледа како ремек-дело кое треба да се изучува во филмските училишта. Во случајов, изборот на handheld камера само додава кон реализмот на приказната и ве става во неа заедно со Бикини, скоро да можете да ја допрете.

А Бикини, таа е прекрасна. Харизматичната Кондола Рашад имаше тешка задача пред себе, да игра еден воен ветеран со многу тешка животна приказна. Кога оваа девојка е во кадарот, не можете да го тргнете погледот од неа. Малите, суптилни знаци на лудило кои ги прикажува преку тресење на чевелот за да го истресе песокот кој го нема во него (пост-трауматскиот стрес од војната во Ирак ја потсеќа на деновите кога таа морала да спие во кревет во кој има песок, па затоа чевлите секогаш ѝ биле полни со песок), начинот на кој таа зборува за богомолките, како и секој од нејзините документирани испади само ја прават повеќе допадлива, наместо да го оттргнат гледачот од екранот.

Ова не е случај само со Бикини, туку и со сите останати актери. Сара Голдберг, Мет Јановиц и Сатја Сридхаран, па дури и Микал-Мишел Херис (Ешли, ќерката на Бикини) имаат одлични изведби, што делумно се должат на нивниот талент, а делумно на правилната улога која им е дадена во филмот.

„Бикини Мун“ е навистина бајка. Магично добар филм, преплетен со реални проблеми и приказни кои ќе ве натераат да размислувате долго откако ќе го изгледате. Она што барем мене ме изненади се големиот број идеи кои се прикажани во филм кој трае само 1 час и 40 минути. Борбата со воениот шок, психичката болка низ која поминува главниот протагонист, борбата на една жена со државата, како и љубовта на една мајка кон нејзината ќерка, сето тоа споено преку нејзината утеха – богомолката. Фасцинантно е на колку начини може да се прикаже една животна приказна преку филм, а Милчо Манчевски го најде вистинскиот.

Нема да дадам оцена бидејќи на овој филм не му беше задача да ми се докаже мене. Само ќе кажам дека е потребно да го гледате. Не го препорачувам како Македонец на кого му е важно да се гледаат филмовите на Милчо, не го препорачувам како новинар на кого му е важно да се прочита неговата рецензија, туку го препорачувам како љубител на филмови на кого му е важно добрите филмови да бидат погледнати од што е можно поголема публика.

Филмот се наоѓа на редовниот репертоар на кино Милениум, секој ден од 20:00 и 22:00 часот.

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе