Ова се најголемите заводници во зодијакот: Како да ги освоите?

Лавовите, Стрелците, Близнаците и Скорпиите важат за најголеми заводници во зодијакот. Нивната магнетска привлечност е неодолива, но и тие имаат своја „Ахилова пета“.

Какви луѓе, случувања и ситуации ги привлекуваат припадниците на овие хороскопските знаци? Како да ги освоите освојувачите?

Близнаци

Нивната привлечност е мистериозна и необјаснива. Близнаците живеат во свој свет што е толку богат и скокотлив, не може а да не паднете на нивната необичност. Она што ги привлекува Близнаците, пак, е секаков облик на комуникација, особено длабоки разговори во четири очи. Припадниците на овој знак сакаат да бидат во центарот на случувањата и не сакаат ништо да пропуштат. Имаат информации за сѐ и за секого, па треба да знаете нешто навистина фасцинантно за да им го привлечете вниманието. Однесете ги на ексклузивна премиера или распродаден концерт и можеби ќе имате некаква стартна позиција кај нив.

Лав

Лавовите освојуваат со нивната магнетска позитивна енергија, великодушност и самоувереност. Токму затоа, најдобар начин да ги освоите е да ги пофалите. Ласкањето и делењето комплименти ќе ве однесат далеку во додворувањето на припадниците на овој хороскопски знак. Лавовите сакаат да уживаат во сѐ што има животот да понуди, но ако не се расположени не треба ништо да планирате со нив. Ако успеете да им го кренете расположението, ќе предат како мачиња. Не сакаат изненадувања, освен ако „суптилно“ не ви кажале што би им годело, па со нив треба секогаш да фаќате белешки.

Скорпија

Сексот игра голема улога во животот на Скорпиите, па ги привлекуваат партнери со слични сфаќања. Бидете искрени и екцентрични, тоа ќе ги заинтригира. Скорпиите сакаат да освојуваат и се гордеат со тоа, па им се допаѓа кога некој се обидува да ги освои нив. Тешко го менуваат ставот и не толерираат каков било обид да ги смените. Тешко е да им го привлечете вниманието, но откако еднаш ќе ги освоите, верноста и преданоста се карактеристики со кои ќе ги задржите Скорпиите.

Стрелец

Авантуристички настроените Стрелци се големи заводници. Тешко е да им го задржите вниманието бидејќи постојано се во потрага по нешто ново и возбудливо. Стрелците сакаат бегство од реалноста, па ако сте подготвени да ги следите во чекор во нивните авантури, тоа ќе ги одушеви. Ако вие ја предложите авантурата, тогаш сте чекор напред. Иако се со немирен дух, кога ќе се заљубат се верни и искрени. Одржувајте ја возбудливоста и постојано освојувајте ги.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе