Ова се најпродаваните конзоли на сите времиња: Која е вашата омилена?

Крајот на годината се ближи, па ќе видиме кои конзоли беа најпродавани во 2020 година.

Ова е добра прилика да се потсетиме кои незаборавни конзоли нè одушевуваа низ децениите и ја одбележаа ерата.

Ова е листа на најпродаваните конзоли на сите времиња. Која е вашата омилена?

1. PlayStation 2 (159 милиони примероци)

Наследникот на легендарниот PlayStation се појави во 2000 година и го освои пазарот полн со силна конкуренција како што се Sega Dreamcast, Nintendo GameCube и Microsoft Xbox. Како и да е, никој не можеше да ѝ парира на популарноста на овој бестселер кој го освои пазарот и се искачи на престолот како најпродаваната конзола на сите времиња.

Со повеќе од 3.800 продадени игри во милијарда и пол примероци, „двојката“ ја задржаа својата популарност и по објавувањето на „тројката“, и со тоа станаа една од најдолговечните конзоли која се произведуваше 12 години.

2. Nintendo DS (154 милиони)

Во времето кога излезе (2004 година), Nintendo DS беше вистинска револуција на пазарот на преносни конзоли - имаше два LCD екрани, вграден микрофон и поддршка за безжична конекција што ви овозможи да играте или да комуницирате со повеќе плеери. Покрај оригиналот, се појавија и DS Lite, DSi и DSi XL.

3. Game Boy/Game Boy Color (119 милиони)

Иако претходно имаа успех со нивната серија Game & Watch, Game Boy беше огромен хит. Game Gear, Lynx и TurboExpress се обидоа да земат дел од колачот, па иако беа технолошки супериорни, Game Boy беше потраен, трошеше помалку и што е поважно, имаше одличен избор на видеоигри.

Остатокот од листата го сочинуваат PlayStation 4 (106 милиони), PlayStation (103 милиони), Nintendo WII (102 милиони), PlayStation 3 (88 милиони), Xbox 360 (85 милиони), Game Boy Advance (82 милиони), PlayStation Portable (80 милиони).

реклама

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе