Овој октомври, обложете се на Ал Пачино

Во филмот на режисерот Карусо, „Two for the Money“, Ал Пачино го прави токму она што се чини го правеше многу во текот на својата кариера - одлично се забавува додека глуми или како што вели славниот актер и режисер Џорџ Скот „Кога добар актер ја има вистинската улога, можете да го почувствувате уживањето во актерската игра“.

Пачино го игра Валтер, кој организира телефонско спортско обложување. Метју Меконахи пак е Брендон, предвидувачот на коефициенти, кого Валтер го носи од Вегас во Њујорк и го претвора во ѕвезда. Валтер е хипнотизирачки шармер кој напаѓа со самодоверба и великодушност. Рене Русо пак ја толкува неговата сопруга Тони, која го сака но и очајува поради него. Брендон е заслепен од Валтер но Тони е онаа која е загрижена поради неговата зависност. „Тој е зависник кој се опоравува од сѐ, ако во називот на собирот пишува 'анонимни' тој оди“, му вели Тони на Брендон во една сцена.

Зошто ќе го сакате овој филм?

„Two for the Money“ не е филм за тоа како функционира бизнисот со обложување туку за емоциите. Валтер како промотер и самиот во еден момент признава дека неговиот бизнис се состои од чад и огледала. Не смеете да го пропуштите монологот кој Пачино го има на средбата на „Анонимни коцкари“. Им кажува на своите колеги закоравени коцкари дека нивниот проблем не е коцкањето туку тие самите: „Сите сме лимони. Треба да изгубиме. Кога ќе изгубат сè - работата, куќата, семејството - тие се најцелосно живи“, вели тој. „Кога ќе победат, тие продолжуваат да коцкаат додека не загубат повторно“.

Ако уживате во одлилна драма резервирајте го терминот во 21 часот на 24 октомври за да го погледнете „Two for the money” на FilmBox Extra.

Можеби ќе речете: „Дождливите октомвриски денови се посоодветни за романса и гушкање“. Во право сте. Земете топло кебе, побарајте го FilmBox Extra од вашиот ТВ оператор удобно сместете се на софа спремни за бајка. Кејт и Леоплод е приказна што се гледа одново и одново затоа што ви го стоплува срцето. Да, предвидлив е и не е баш реалистичен но на крајот Мег Рајан и Хју Џекман успеваат да ве маѓепсаат и ве прават да се чувствувате како самовили, принцови и љубовни пеперутки да танцуваат околу вас.

Ако ви фали малку акција секогаш можете да го земете далечинскиот управувач и да се префрлите на FilmBox Stars каде на 23.10. во 22:45 Жан Клод Ван Дам во „Universal Soldier: Regeneration“ и Скот Адкинс во „Undisputed 3“ ве водат на опасни и забавни мисии.

И ако тоа не е доволно FilmBox Premium ви го нуди во петок на 23.10 во 21 часот неверојатниот докментарец „STEVE MCQUEEN: THE MAN and LE MANS“. Извонредната приказна за „човекот од брзата лента” имаше своја премиера на 68. Кански филмски фестивал во 2015. Се работи за опсесивна приказна за предавство и ултимативната жртва. Погледнете како една од најнестабилните но и најхаризматичните ѕвезди од својата генерација, кој навидум изгуби многу драги нешта во животот додека го бркаше својот сон, сепак остана доследен на себе до самиот крај.

 Сѐ ова и многу повеќе на FilmBox каналите кои ви ги овозможува SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel. Не заборавајте да гласате за филмот по ваш избор на Facebook страната FilmBox Macedonia и гледајте го избраниот филм на 21.10 во 21 часот на FilmBox Extra.

*Промотивен текст

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе