Салма Хајек е фотографирана на одмор во Мексико, каде ужива со членовите на семејството, а вниманието го привлекува со своите изданија на костими за капење.
Салма со својот изглед ги привлече папараците кои ја фотографираа во природно издание, без филтри и без шминка, па нејзината природна убавина дојде до израз.
56-годишната актерка беше придружувана од нејзиниот сопруг, францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино, и нејзините деца.
Салма е позната како една од најубавите актерки на денешницата, а пред неколку месеци наиде на критики поради претераното уредување фотографии, по што го покажа својот природен изглед.
Актерката често добива негативни коментари поради нејзиниот стил на облекување, кој според многумина е „преевтин“ и „вулгарен“ за нејзината возраст и статус.