Паста Алфредо - една од највкусните: Тајната е во кремот за готвење

Паста Алфредо се совршено кремасти тестенини поради сочниот бел сос, а многу лесно се подготвуваат.

Паста Алфредо е една од најпопуларните во целиот свет, а се подготвува од едноставни состојки кои се достапни за секого. Во нејзиниот вкус сите уживаат, бидејќи содржи бело месо, таљатели, но и препознатлив бел сос кој се состои од крем за готвење, млеко и путер. Лесно и едноставно е за подготвување, а ние ви го носиме најдобриот рецепт.

Потребни состојки:

  • 200 гр таљатели*
  • 2 пилешки стека
  • ½ кромид
  • 6 печурки
  • 1½ шолја крем за готвење
  • ½ чаша млеко
  • ¼ шолја пармезан
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица путер
  • маслиново масло
  • брашно (опционално)
  • сол
  • бибер

*Оригиналниот италијански рецепт всушност е со фетучини, кои се многи слични на таљателите, но се пошироки и потенки.

Подготовка:

За паста Алфредо, посолете го и побиберете го месото, па пропржете го во тава. Можете да го валкате во брашно.

Кога ќе се излади исечете го на подебели ленти. Извадете го месото од тавата, истурете уште малку маслиново масло и додадете го путерот.

Кога путерот ќе се растопи додадете го исечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете ги и сечканите печурки. На крајот додајте го толчениот лук и пржете уште 30 секунди.

Сипете ги кремот за готвење и млекото. Добро измешајте. Во меѓувреме, сварете ги таљателите. Во сосот додадете рендан пармезан, па варете на средна температура додека не зоврие. Додадете ги таљателите и убаво измешајте, а одозгора ставете го месото.

Тагови
реклама

Орбан до Будимпешта Прајд: Ич не се ни мачете да организирате годинава

Read more

Најдобриот природен лек за црниот дроб што чини само 1 евро

Read more

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Обид за измама во ски-скокови: Норвежаните на столбот на срамот откако беа разоткриени

Read more

Рецепти

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Пилешко со корнфлекс во бел сос

Read more

Печено ризото во сос од домати со месо, на италијански начин

Read more

Туна омлет со моцарела

Read more
 

Магазин

Како кревањето тегови може да ви помогне да слабеете?

Читај повеќе

Три евтини намирници кои го намалуваат холестеролот

Читај повеќе

Што треба да јадете за здравје на цревата?

Читај повеќе

Зошто утринското истегнување треба да ви стане навика?

Читај повеќе

Лекарите открија која крвна група има најмал ризик од рак

Читај повеќе

Која храна треба почесто да ја јадат жените во менопауза?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да направите совршено пире од компири?

Читај повеќе

Шест едноставни навики со кои можете да го намалите крвниот притисок

Читај повеќе

Какви промени кучињата можат да почувствуваат кај нивните сопственици?

Читај повеќе