Пех за Ибра - ќе паузира три недели

Златан Ибрахимовиќ има повреда поради која би требало да пропушти три натпревари од Серија А и двата дуела со Манчестер Јунајтед во Лига Европа.

Ибра синоќа против Рома заработи повреда на адукторот на левата нога, повреда за која првичните испитувања велат дека Швешанецот ќе мора да паузира три недели.

Златан почувствува болки уште околу 15-тата минута на „Олимпико“, но остана на теренот и играше сѐ до 56-тата. Можеби тоа играње со сила го направи проблемот поголем и паузата подолга.

Тој дефинитивно отпаѓа за дуелите со Удинезе в среда и со Верона в недела, а речиси сигурно ќе го пропушти и враќањето на „Олд Трафорд“ наредниот четврток.

Дополнителни прегледи на повредата треба да му бидат извршени за 10 дена, еден ден пред првиот дуел со Јунајтед, но од сегашна гледна точка речиси неверојатно е да биде подготвен за играње.

Да биде бељата поголема, на Ибра му се заканува пропуштање и на дуелот со Наполи и дури и реваншот со Манчестер, а доколку сѐ биде в ред можеби би се вратил за натпреварот од 28. коло на гости кај Фиорентина.

Ова е четврта пауза за Ибра сезонава. Прво паузираше откако закачи корона, потоа истегна мускул на бутот, па претрпе суфузија на задната ложа и сега ова.

И покрај тоа, има 14 постигнати голови на исто толку натпревари во Серија А, 1 гол на 5 натпревари во Лига Европа и 1 гол на 2 натпревара од Копа Италија.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Фудбал

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Read more

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Read more

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Read more

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Read more
 

Спорт

Кин: Хојлунд игра како дете што излегло од академија, а за него платија 85 милиони евра

Читај повеќе

ФА куп финале: Сити по спас на сезоната, Кристал Палас по историја

Читај повеќе

Навивачите влегле на тренингот на Сампдорија, побарале играчите да ги соблечат дресовите

Читај повеќе

УЕФА жестоко ја казни Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Њујорк Никс демонстрираше сила и го елиминира бранителот Бостон

Читај повеќе
  • play_arrow

Буфон: Јас бев ВАР во финалето на Светското во 2006 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден е Јокиќ!

Читај повеќе
  • play_arrow

Флик ги бркаше играчите на Барса од терен оти ја славеа титулата кај ривалите

Читај повеќе

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Читај повеќе