Пеколен спојлер во трејлерот за петтата сезона на „Lucifer“

Откако се врати на престолот на Пеколот на крајот на минатата сезона, Луцифер се чини заврши со неговиот мал излет на Земјата и решавањето криминални случаи со полицијата на Лос Анџелес.

Но, сѐ се врти во круг, па и нашиот омилен паднат ангел ќе се врати, порано или подоцна. Само овојпат, во „малку изменета верзија“.

Netflix го објави првиот трејлер за петтата сезона на „Lucifer“ со голем, интригантен спојлер – несуптилно претстави една од најголемите фигури во Библијата и ја стави на пат на нашиот (анти)херој.

Луцифер кој ќе го гледаме во почетокот на петтата сезона воопшто не е Луцифер, туку неговиот брат близнак  - Архангел Михаил – кој доаѓа на Земјата за да предизвика хаос во семејството на омразениот брат.

Тој си ја „игра улогата“ и ѝ се приближува и на Клои, но нешто не е како што треба.

Неговиот план е „да му го одземе животот на Луцифер на Земјата“, но трејлерот не открива која е крајната цел. Ок, еден спојлер е доволен.

Откако Fox ја откажа серијата, Netflix ја презеде и направи четврта и петта сезона, а неодамна ја обнови и на шеста.

Ќе видиме како ќе се одвива приказната кога Netflix ќе го објави првиот дел од петтата сезона на 21 август.

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе