Пеле: Не ме споредувајте со Меси, тој не знае да шутира со десна нога

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле никогаш не штедел зборови кога се во прашање неговите колеги, но мора да се забележи дека неговиот фудбалски талент е далеку поголем од талентот за давање добри изјави за медиумите.

Кога и да проговори, кажува нешто контроверзно, па така беше и овојпат. Последната изјава на Пеле се однесуваше на Лионел Меси и се однесуваше на „слабостите“ на петкратниот освојувач на Златната топка.

Не само што не е најголем фан на Лионел Меси, туку Пеле изгледа дека не го вреднува Аргентинецот толку колку што го вреднуваат фановите на модерниот фудбал. Според бразилската легенда, Меси има многу слабости во играта кои го прават полош фудбалер од фудбалските легенди од минатото, вклучувајќи го и самиот Пеле.

„Како можете да го споредите некој што беше добар со топка, шутираше со лева и десна нога и постигнуваше голови со глава, со некој што кој зависи од неговата лева нога, еднодимензионален е и притоа не игра добро со глава? Кога ќе го споредувате некого со Пеле, тоа мора да биде некој што е квалитетен во сите аспекти од играта“, вели 78-годишниот Бразилец.

Изгледа дека Пеле не го гледал финалето од Лигата на шампионите во 2009 година, кога Меси го најави неговото пристигнување помеѓу великаните со голот со глава кој испадна кобен за тимот на Манчестер Јунајтед.

„Диего Марадона е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Ако ме прашувате дали тој е подобар од Меси, би рекол дека е. Многу подобар. Исто како Франц Бекенбауер и Јохан Кројф. Сите тие се одлични играчи“, додаде Пеле.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе