ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Пелегри: Сакам да учам од Ибра и Жиру

Новото засилување на Милан воопшто не се кае што го напушти Монако и што дојде во клуб каде има поголема конкуренција.

Денеска Милан го претстави најновото засилување, младиот Пјетро Пелегри, кој доаѓа на позајмица од Монако, но со задолжителен откуп доколку се исполнат одредени услови.

„Иако авантурата во Монако не ми помина добро, сега индината ми е светла. Џеноа беше мој дом, Монако ми беше искуство за учење, но Милан е сонот. Искуството во Монако можеби не беше позитивно, но би го повторил, затоа што ме научи многу“, рече Пелегри на денешната прес-конференција.

Сепак, и во Милан се очекува Пелегри да ја грее клупата бидејќи неприкосновени во нападот се Златан Ибрахимовиќ и Оливје Жиру.

„Сон е да се игра со овие шампиони. Дојдов во Милан за да учам и го одбрав дресот со бројот 64 бидејќи тоа е годината кога е роден мојот татко. Сакам да му се оддолжам на клубот и да ја оправдам довербата“, додава тој.

20-годишниот Пелегри потекнува од младинската акдемија на Џеноа, клуб за кој во 2016 година го имаше своето деби во Серија А кога на 15 години и 280 дена стана најмлад дебитант. Летото 2018 се пресели во Монако за 25 милиони евра и уште во првата сезона го сруши рекордот на Килјан Мбапе за најмлад стрелец на клубот.

„Беше неверојатно кога го запознав Златан. Тој ми беше идол додека растев и сега е неверојатно што се поздравувам со него“.

„Жиру е играч кој има многу освоено. Тој е шампион и може да ми помогне. Ќе го пратам на тренинзи и многу ќе научам од него. Сакам да ги покажам моите квалитет и одлучност и да останам тука“, заврши младиот напаѓач.

Лани Пелегри и дебитираше во дресот на сениорската репрезентација на Италија.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе