Пелистер го продолжи договорот со тренерот Штерјовски

Новиот фудбалски прволигаш, битолски Пелистер го започна планирањето за новата сезона со продолжувањето на договорите со тренерот и спортскиот директор. Претседателот на клубот, Пеце Стојчевски денес потврди дека Зоран Штерјовски ќе ја води екипата и следната сезона. 

Штерјовски дојде на местото на Дарко Крстески пред крајот на есенскиот дел од шампионатот на 2.МФЛ Запад и со добриот финиш на есенскиот и почеток на пролетниот дел се избори за првото место и по прекинот, Фудбалската федерација на Македонија го промовира клубот од Битола во прволигаш.

Пред да дојде на кормилото на Пелистер, Штерјовски ги предводеше Миравци, Силекс, Победа и Брегалница. Младиот тренер се обврза на договор на една сезона.

Улогата на спортски директор и во сезоната 2020/21 ќе ја извршува Пеце Коруновски. 

Ако добие дозвола за колективни тренинзи, Пелистер ќе ги започне подготовките за новата сезона на 20 јуни.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе