2.МФЛ ИСТОК И ЗАПАД 2019/20

Пелистер изненаден од форинци, Осогово конечно победи

Битолски Пелистер доживеа непријатен пораз на гостувањето кај дебитантот Вардари, изненадена беше и Беласица во Пехчево, прв гол на Ацо Стојков за Осогово, а Тиквеш разочара дома против Кожуф.

Денеска се одигра 10-тото коло в двете второлигашки групи. Фаворитот број еден за враѓање меѓу прволигашите, Пелистер од Битола, претрпе изненадувачки пораз кај Вардари од село Форино, гостиварско. Сепак, и покрај поразот битолчани останаа први на Западот.

Кожуф го изненади Тиквеш совладувајќи го среде Кавадраци и го презема врвот искористувајќи го киксот на Беласица која загуби кај Кит-Го.

За одбележување е и првиот гол на поранбешниот репрезентативец Ацо Стојков во дресот на Осогово. По серијата порази кочанчани ја забележаа втората победа сезонава славејќи во Крушево.

Запад:

Стадион „Дрита“ во Боговиње
Дрита - Гостивар 0:1
Стрелци: 38' Шериф Реџепи
Црвен картон: 83' Флорент Османи (Д), 84' Шериф Реџепи (Г)
Судија: Ристо Ѓорѓиев (Штип)

Стадион „Железарница“ во Скопје
Скопје - Кораби 1:0
Стрелци: 30' Филип Петковски
Судија: Васко Мавров (Струмица)

Стадион „Градски“ во Гостивар
Вардари - Пелистер 3:2
Стрелци: 23' Ариан Ејупи, 40', 66' Екрем Мемеди - 20' Антонио Бујчевски, 63' Сашо Шопоски
Судија: Никола Костенчев (Скопје)

„Влазрими“ Арена во Кичево
Влазрими 77 - Охрид 3:1
Стрелци: 47' Илир Мемети, 49' Мурат Адили, 75' (п) Мргим Дани - 88' Димитар Кочески
Судија: Фуркан Идризи (Тетово)

Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Лабуништа - Кадино 6:2
Стрелци: 15' Сунај Хасан, 33' Самед Кадриоски, 37' Арион Зиба, 44', 88' Климе Далчески, 81' Миџен Шерифи - 10' Марио Благојевски, 85' (п) Дарио Десниќ
Судија: Владимир Ѓорѓиевски (Битола)

Табела: Пелистер 20, Лабуништа 18, Влазрими 77 17, Скопје 16, Дрита 15, Гостивар 15, Вардари 14, Кораби 11, Кадино 8, Охрид 7.

Исток:

Стадион „Езеро“ во Крушево
Питу Гули - Осогово 1:3
Стрелци: 6' Ѓорѓи Стрезовски - 38' Ацо Стојков, 56' Тоше Манов, 86' Драган Паунов
Судија: Фатмир Бафто (Охрид)

Стадион „Градски“ во Македонска Каменица
Саса - Победа 2:0
Стрелци: 60', 78' Ненад Нешовски
Судија: Христијан Божиновски (Скопје)

Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш - Кожуф 0:1
Стрелци: 24' Ники Зумровски
Судија: Јован Качевски (Струга)

Стадион „Градски“ во Пехчево
Кит-Го - Беласица 2:0
Стрелци: 9', 68' Дарко Алексовски
Судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница - Плачковица 2:1
Стрелци: 8' Иван Настевски, 17' Пепи Горгиев - 23' (п) Андреј Кудијан
Судија: Доне Ристовски (Гевгелија)

Табела: Кожуф 23, Беласица 22, Брегалница 21, Тиквеш 20, Кит-Го 18, Саса 13, Плачковица 10, Победа 7, Осогово 6, Питу Гули 3.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе