ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Пеп предупредува: Она што му се случи на Јунајтед може да му се случи и на Сити

Манчестер Јунајтед продолжува да биде очаен, а синоќешниот висок пораз од градскиот ривал Манчестер Сити го искористи Пеп Гуардиола да предупреди дека она низ кое минуваат „Ѓаволите“ може лесно да им се случи и на „Граѓаните“.

Откако сер Алекс Фергусон ја напушти клупата на Јунјатед во 2013 година, „Ѓаволите“ и ден денес не се ни блиску налик на тимот на славниот шкотски стратег. Ферги освојуваше титули на сите фронта, или барем се бореше за нив, а неговите наследници како Дејвид Мојс, Луи ван Хал, Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер тоа тешко го правеа. Проблемот е што кога замина Ферги настана и смена на генерациите, проблем во којшто запаѓаат и многу други големи клубови.

Пеп сега не гледа како истото би можело да му се случи на Сити, но предупредува дека во иднина таквата лоша судбина може да чукне и на вратата на „Граѓаните“.

„Клубот е стабилен колку што газдите и сакаат да биде, играме како што сакаат да играме, но мора да сме свесни за примерот на Јунајтед. Пред една деценија тие не ни помислуваа дека ќе им дојдат вакви времиња каде ќе бидат без титула во Премиер лигата“, рече Каталонецот.

„Мора да учиме бидејќи може и нам да ни се случи. Веруваме дека сме толку добри што не може да ни се случи и нам, но може, и тоа многу брзо“, додаде.

„Се сеќавам на Милан кој ја освои Лигата на шампипните со Саки и Капело, а потоа години не играше во Европа. Кога бев тинејџер тимот на Саки беше оној на кој цел свет му се восхитуваше, а потоа пад. Тоа е она што треба да го избегнеме“.

Милан сезонава играше првпат во Лигата на шампионите по 2014 година, а тоа се 7 години пауза. Сличен проблем имаше и Интер кој имаше пауза од 2012 до 2018.

Манчестер Јунајтед немаше таков голем пост како италијанските гиганти, бидејќи и по Ферги успеваше по некоја сезона да се најде во елитата. Но, проблемот на Јунајтед е неконкурентноста во Премиер лигата каде иако двапати завршуваше втор, а еднаш трет, бодовно многу заостануваше зад шампионот.

Пеп синоќа го преслуша тимот на Ралф Рангник со 4:1 со головите на Кевин Де Брујне (5' и 28') и Ријад Махрез (68' и 90'+1), а за Јунајтед погоди Џејдон Санчо (22'). На табелата Сити е лидер со 69 бодови, додека градскиот ривал е 5-ти со 47.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more
 

Спорт

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе