Пеп: Сити заслужува да игра во Лигата на шампиони

Стратегот на „Граѓаните“ ја брани одлуката на Судот во Лозана сметајќи дека клубот на зелениот терен се изборил за пласман во елитното натпреварување.

„Навистина сум пресреќен за одлуката бидејќи го поби сето она што многумина го велеа за клубот и дека ни даде шанса да го оствариме она за кое се изборивме на теренот“, вели Жузеп Гуардиола.

Судот за спортска арбитража ја поништи одлуката на УЕФА за суспензија од Лигата на шампионите и од есен Манчестер Сити ќе биде дел од ова натпреварување.

„Инвестиравме многу пари, како и многу други клубови. И тоа го направивме на вистинскиот начин. Не бевме суспендирани бидејќи ги следевме правилата за Финансиски фер плеј, во спротивно ќе нѐ суспендираа“.

„Многу клубови инвестираат. Манчестер Јунајтед и Арсенал на периоди порано кога освојуваа трофеи инвестираа далеку повеќе од другите. Челси исто така кога освојуваше инвестираше многу повеќе отколку останатите“, смета тој.

Тимот на „Граѓаните“ сезонава ќе заврши на второто место во англиската лига и со тоа директно ќе стартува од групната фаза на Лигата на шампионите, впрочем како и сите останати англиски квалификанти.

„Во изминатава декада изградивме екипа кадарна да се носи со елитата во Премиер лигата и во Лигата на шампионите. За тоа потребно е клубот да биде финансиски силен, како и другите клубови. Се разбира, правевме и грешки. Сепак, можеме да трошиме онолку пари колку пто нашиот газда сака, но секогаш според ФФП правилата“.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе