Пет кето рецепти идеални за почеток на денот
Кето исхраната е диета со многу низок удел на јаглехидрати, со што по одреден период вашето тело се претвора во машина за согорување масни наслаги. Оваа диета е позната по посебниот начин на исхрана во организмот за да се достигне оптимално ниво на кетони со што ќе се обезбеди здраво губење на килограмите, како и подобри психички и физички перформанси.
Кетогената диета го поттикнува организмот да произведува повеќе молекули кои се викаат кетони, а делуваат како заменско гориво кое организмот го користи кога е во недостаток на природното. Кетоните се произведуваат во црниот дроб, а дури и мозокот ги користи како гориво бидејќи мозокот е орган кој троши најмногу енергија во текот на денот.
Во ова видео на Tasty ќе погледнете пет кето рецепти идеални за почеток на денот.