Пет можни причини зошто не доживувате оргазам

Ако често ви се случува во текот на односот да не успеете да доживеете оргазам, можеби постои потенцијално објаснување за тоа, сметаат секс експертите.

Истражување покажа дека од 2.769 жени само 15% од нив доживуваат оргазам во текот на секој секс со партнерот. Друга студија утврди дека дури 77% од жените полесно доживуваат оргазам во текот на мастурбација отколку во текот на однос со партнерот.

Секс експертот Трејси Кокс открива пет можни причини зошто не можете да доживеете оргазам.

1. Погрешна техника

Трејси вели дека два главни фактори одлучуваат дали жената ќе доживее оргазам – дали е доволно долга предиграта и дали во текот на предиграта имало директна стимулација на клиторисот.

Таа истакнува дека на повеќето жени им е потребна таа стимулација, но важно е истата да не биде премногу груба, притисокот да не биде пресилен и движењата пребрзи.

За тоа колку тешко жените доживуваат оргазам без стимулација на клиторисот во предигра говори податокот дека само 18% од жените можат да доживеат оргазам со самата пенетрација.

2. Партнерот ве брза

Ако нема доволно стимулација пред пенетрација, а за тоа треба време, шансите за оргазам се многу помали. Кокс советува да бидете отворени кон партнерот и да му кажете или покажете што ви годи.

3. Не мастурбирате

Скоро стопроцентни се шансите првиот оргазам да го доживеете со самозадоволување. Тогаш имате слобода да правите што сакате, со која брзина сакате, опуштено да го истражувате телото.

Ако не сте го правеле ова, веројатно не знаете што најдобро ве возбудува, па оттука и проблеми со оргазмот во текот на односот со партнерот.

4. Сексот го поврзувате со срам

Доколку сте воспитани дека сексот е срамен или никогаш не сте разговарале на таа тема, поголеми се шансите да не може да доживеете оргазам ниту сами, ниту со партнерот.

Ако се фокусирате на тоа дека сексот е срамен и дека не треба да го правите, не може ни да уживате во него.

5. Не си го познавате телото

Колку повеќе знаете за вашето тело и стимулацијата која ви е потребна, толку се поголеми шансите за оргазам. Од друга страна, ако не си го познавате телото јасно е дека ви се помали шансите за уживање бидејќи не знаете што ви годи.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе