Пет најнеобични раси на кучиња

Постојат стотици различни раси на кучиња распространети низ светот и секоја има своја уникатна цел и изглед.

Додека повеќето раси го задржале релативно класичниот изглед, има и такви што изгледаат многу необично, речиси не личат на кучиња.

Ова се петте најнеобичните раси според порталот Outside.

Бедлингтон териер

Станува збор за мал териер од Англија кој е познат по тоа што повеќе личи на јагне отколку на куче. Оваа раса првично се користела за лов на штетници во рудниците. Се карактеризираат со глави со необичен изглед и заоблен грб. Денес тие се кучиња кои сакаат секакви активности и се многу агилни.

Пули

Пули е унгарски чувар на добиток и е најпознат по своите долге, виткане влакна. Нивното крзно е всушност водоотпорно, што ги прави погодни за работа при влажни временски услови. Тие се активни и интелигентни кучиња кои вршат добра работа. Не се препорачува да ги чувате во мали простори.

Бергамаско

Бергамаско е италијанско овчарско куче познато по долгото крзно. За разлика од другите раси, нивното крзно може да добие многу необичен изглед, па често ги споредуваат со скапи теписи. Оваа раса сè уште се користи како чувар на добитокот на италијанските Алпи, од каде што потекнува, но сѐ повеќе се користат и како домашни миленици.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lauren (@puli_princess)

Пуми

Пуми е мало овчарско куче од Унгарија кое повеќе личи на лик од цртан филм отколку на куче. Има густо, кадраво крзно и необични уши. Тие се интелигентни и експресивни кучиња на кои им треба активен животен стил.

Шолоицкуинтли

Шолоицкуинтли, или мексиканско безвлакнесто куче, е древна раса на кучиња од Мексико, која потекнува од пред повеќе од три илјади години. Расата е многу примитивна и независна, но релативно мирна. Не се препорачува за сопственици без искуство со кучиња.

Тагови
реклама

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе