Пет причини зошто не губите килограми, а се трудите да слабеете

А.С.
/ 20.03.2023 / 14:24

Иако може да биде примамливо да се свртите кон диети или додатоци кои ќе ви помогнат да изгубите тежина, прво треба да разберете кои фактори на животниот стил може да ви претставуваат предизвик во напорите за губењето тежина.

Д-р Самер Сангви вели дека секое поместување на вагата најмногу ќе се сведе на калории.

„Во суштина, губењето на тежината зависи од внесувањето на помалку калории отколку што согоруваме“, рече тој.

Д-р Сангви, кој ја води клиничката технологија во LloydsPharmacy Online Doctor, објасни дека препорачаниот дневен внес на калории за просечен човек е 2.000 калории за жени и 2.500 калории за мажи.

Ова се најчестите причини зошто, и покрај тоа што вложувате напори за слабеење, не гледате намалување на килограмите:

Не спиете доволно

Д-р Сангви вели дека квалитетниот сон е од суштинско значење за одржување на физичкото, емоционалното и менталното здравје.

Околу 7 до 9 часа непрекинат ноќен сон се сметаат за адекватни и доволни за одржување на добро здравје кај возрасните. Недостатокот на сон има многу последици. Една од нив е зголемувањето на телесната тежина. Кога не можеме да заспиеме, нашите тела ослободуваат кортизол - хормон на стресот кој може да го поттикне нашето тело да складира резерви на маснотии „за секој случај“, изјави тој.

Не само тоа, туку кога сме под стрес или ненаспани, потребна ни е енергија од храната како замена, па може да се фатиме како грицкаме и јадеме повеќе.

Стрес

Сите сме виделе ликови во филмови кои се под стрес и јадат цело пакување сладолед или ќесичка чипс. Д-р Сангви вели дека кога се чувствуваме дека сме под стрес, вознемирени или депресивни - тогаш поголема е веројатноста да посегнеме по јаглехидрати.

„Научниците открија потенцијална врска помеѓу јаглехидратите и серотонинот, хормон кој помага да се регулира нашето расположение. Потсвесно, кога јадеме храна богата со јаглехидрати, се трудиме да го подобриме нашето расположение. Но, секако, јадењето многу јаглехидрати може да предизвика зголемување на телесната тежина Освен тоа, кога се чувствуваме очајни од стрес, нашите тела ослободуваат кортизол“, додава тој.

Јо-јо диети

Краш диетите се познати и како јо-јо диети и оние кои се склони да држат вакви диети честопати скокаат од една на друга. Иако се популарни, тие ретко резултираат со губење на тежината и всушност резултираат со долгорочно зголемување на телесната тежина.

Прескокнувањето на оброците или минималното јадење го става нашето тело во „режим на самоодбрана“, што резултира со побавен метаболизам. Кога на крајот ќе се вратите на нормална исхрана, потребно е подолго време да се согори храната.

Плус, пропуштате есенцијални хранливи материи, поради што може да се чувствувате слабо и неенергично.

„Ова може да предизвика желба за храна богата со масти и шеќер. Тоа е лизгава удолница - дури и ако креш диетата привремено даде резултати, таа е во крајна линија нездрава.

Не пиете доволно вода

„Недостигот на вода е лошо за нашето здравје воопшто, но малкумина сфаќаат дека тоа може да доведе и до зголемување на телесната тежина“, вели експертот.

Д-р Сангви додава дека хидратацијата ја зголемува нашата метаболичка функција, енергија и го намалува гладот, така што постои силна корелација помеѓу пиењето доволно вода и губењето килограми.

„Ако сме дехидрирани, постои дефект на сигналот во нашиот мозок што може да испраќа сигнали за глад наместо жед. Ова значи дека имаме тенденција да јадеме повеќе кога сме дехидрирани за да го компензираме чувството на жед. Дополнително, ако сте дехидрирани, ќе се чувствувате безволно и уморно, што би можело да поттикне грицкање“, додаде тој.

Градење мускули

Ако редовно одите во теретана и јадете урамнотежена исхрана, но се чини дека бројките на вагата остануваат исти, можеби сте почнале да градите мускули.

„Можеби ќе забележите дека вашето тело станува позатегнато и посилно. И може да се чувствувате посигурни во вашиот изглед и покрај тоа што го кажува вагата. Важно е да запомните дека е во ред да изгубите тежина се додека тоа го правите на што е можно поздрав начин.“

Тагови
реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Фит

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Read more

Дали 10.000 чекори дневно се доволни за слабеење?

Read more

10 предности на вежбање дома наместо во тератана

Read more

Седум бенефити од кардио фитнес за вашето тело и здравје

Read more
 

Магазин

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Читај повеќе

Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Читај повеќе

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Читај повеќе