Пет причини зошто треба редовно да пиете кафе

Повеќето луѓе денот го започнуваат со шолја кафе, напиток што помага да се разбуди организмот и ни дава енергија потребна за обврските кои нè чекаат. Кафето е една од најпопуларните напивки, а досега се направени бројни истражувања како влијае на здравјето.

Главна состојка на кафето е кофеинот којшто помага да се разбудиме, го зголемува нивото на енергија, ја подобрува концентрацијата и помага во вежбањето.

Кафето може да делува позитивно на нашето здравје, одвоивме пет причини зошто треба редовно да пиете.

1. Го подобрува расположението

Истражувањата покажуваат дека кофеинот од кафето го поправува расположението. Во студија објавена во Archives of Internal Medicine, истражувачи од Харвард проучувале повеќе од 50.000 жени на средни години. Резултатите покажале дека оние кои пијат кафе поретко страдаат од клиничка депресија.

Во друга студија објавена во Journal of Affective Disorders,  научниците проучувале повеќе од 80.000 испитаници и заклучиле дека редовното и умерено внесување кофеин веројатно ја намалува депресијата меѓу жените.

2. Може да го намали ризикот од Паркинсова болест

Консумацијата на кафе има заштитна улога во развојот на Паркинсова болест. Научниците неодамна утврдија дека кафето помага и во заштита на мозокот. Кофеинот и масните киселини во кафето може да делуваат заедно за да ги заштитат невроните во мозокот од некои карактеристични показатели на Паркинсова болест.

3. Ја подобрува кондицијата

Кофеинот помага да се зголеми силата, брзината и точноста во спортовите. Кога се пие кафе пред вежбање, се поттикнува средишниот нервен систем и адреналинот кои даваат налет на енергија, а при тоа се намалуваат рецепторите за болка и се зголемува согорувањето масти. Кофеинот го подобрува вежбањето во просек за 11,2%, покажаа студии.

4. Може да заштити од Алцхајмерова болест

Неколку студии сугерираат дека оние кои редовно шијат кафе се под помал ризик од развој на Алцхајмерова болест. Во студија објавена во Neurological Research, заклучено е дека оние кои пијат кафе се со 30% помал ризик од развој на оваа болест за разлика од оние кои не пиеле кафе.

5. Може да го продолжи животот

Една од најзначајните студии објавена во Circulation покажа дека оние кои пиеле една до пет шолји кафе дневно имале подолг животен век во однос на оние кои пиеле помалку или воопшто не пиеле.

Всушност, пиењето една до 3 шолји кафе дневно е поврзано со 15% намален ризик од смрт.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе