Пет совети за поздрави коски

Иако најголемиот непријател на коските е староста, сепак постојат неколку измени во начинот на живот кои можете да ги направите за да го спречите слабеењето на коските.

Кога сте помлади, коските можат лесно да се зацврстат со пиење млеко, внесување калциум и вежбање, но кога веќе ќе ја поминете дваесеттата година тоа станува многу потешко. Баш поради тоа треба да внимавате на вашиот начин на живот, за да не причините поголема штета на коските.

Првиот совет кој би ви го дал секој доктор е дека треба да почнете со пешачење. Ако веќе сте почнале, пешачете поголеми дистанци и подолго време. Во основа, на коските им се потребни активности кои вклучуваат одење или трчање, комбинирано со вежби за мускулите, како кревање тегови или пливање. Докторите советуваат дека секој човек од 19 до 64 години треба да одвои барем 150 минути на вежбање во текот на неделата.

Пушењето има голем негативен ефект врз јачината на коските, па затоа докторите исто така би ви забраниле да пушите, доколку го правите тоа. Цигарите влијаат штетно врз клетките кои ги регенерираат коските, а посебно се штетни за луѓето помлади од 30 години.

Исто така, никој не вели дека треба да имате прекумерна телесна тежина, но препорачливо да не бидете премногу слаби. Послабите луѓе имаат помала тотална коскена маса, и како резултат на тоа често се случуваат скршеници, дури и од помалку сериозни удари.

Здравата, правилна исхрана би требало да ви ги понуди оние 700 милиграми калциум дневно кои ви се потребни за старите клетки од коските да бидат заменети со нови. Но, тоа значи дека калциумот треба да го консумирате преку храна, а не преку суплементи. Ако веќе сакате да користите суплементи, пробајте да внесувате повеќе витамин Д, кој исто така е потребен за регенерација на коските.

Најважниот совет е последниот: Дознајте од каде доаѓа ризикот. Морате да дознаете дали ризикот од слабеење на коските доаѓа од вашата прекумерна тежина, од историјата на болести на коските во вашето семејство или од недостатокот на активност или калциум. Кога ќе го дознаете тоа, ќе ви биде полесно да ги елиминирате недостатоците.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе