Пет знаци кои откриваат дека врската станува навика

Која е црвената линија меѓу љубовта и навиката? Ако сте во долга врска, веројатно се прашувате што ве држи во неа, љубовта или навиката?

„Моќта на навиката веројатно е најчестиот проблем со кој се соочуваат паровите“, вели Тес Бригам, советник за односи.

Многупати се случува да видиме и чувствуваме дека нешто не е во ред со врската, но одлучуваме да не си заминеме бидејќи размислуваме низ што се сме минале и доживеале досега.

Ако ги почувствувате овие пет знаци, можеби е најпаметно да одберете што побезболен начин за раскинување на врската.

Нема повеќе љубомора

Не станува збор за болна љубомора, туку за разиграна, пожелна љубомора која укажува дека не сакате да го изгубите партнерот. Ако видите чудни пораки на неговиот мобилен телефон или сфатите дека нешто се случува во неговиот живот и не се грижите за тоа, ниту ве интересира, тогаш сигурно работите се промениле во вашиот однос.

Флертувате без да размислувате за партнерот

Дали сте отворени за флертување на социјалните мрежи, во канцеларија, кога излегувате со другарките, не размислувајќи дека сте во врска? Флертувањето не е лошо и е сосем нормално во одреден контекст, но кога се обидувате да одите чекор подалеку, кога провоцирате некој да разговара со вас или кога барате нешто друго, тогаш е навистина време да ги преиспитате вашите чувства.

Сексот е редок

Кога веќе немате апетит за секс или истиот е досаден и редок, тогаш ова е многу јасен знак дека љубовта и страста меѓу вас веќе ја нема. Се разбира, љубовта никогаш не е иста во почетокот и во текот на врската, но ако целосно се изгуби вашата сексуална хемија и желба за уживање, тоа значи нешто.

Нема романтика

Не очекувате секој ден да ве опсипува со романтика, изненадување или подарок. Но доколку никогаш не сте расположени за романтична вечер со партнерот, веројатно сте западнале во рутина и заедно сте од навика.

Се чувствувате како да сте пријатели

Заедно сте, но повеќе сте активни на мобилен и разговарате со виртуелните пријатели или пак читате книга отколку што разговарате со партнерот? Нема прегратки, бакнежи па дури и расположение за разговор меѓу вас. Не ви треба посебно објаснување, сфаќате дека нешто не е во ред, нели?

Ако сте се препознале во ова, не мора да чувствувате вина затоа што врската е готова. Тоа е нормално во односите, бидејќи нашите емоции мора да еволуираат. Ако наместо да станат позначајни и поважни, тие се изгубат, прифатете го тоа и продолжете со животот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Љубов и секс

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more
 

Магазин

5 здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе