Pfizer: Нашата вакцина против корона е ефикасна 90%

Внатрешната анализа покажува дека вакцината, која заеднички ја развиваат Pfizer и BioNTech, значително го надмина минимумот, што беше поставен како нулта предуслов од агенциите што треба да ја одобрат вакцината.

Вакцината против COVID-19 е на повидок, со овие зборови започнува текстот на Сара Босели, уредничка на рубриката за здравство на британски Guardian. Таа ги цитира резултатите од студијата за третата фаза од тестирањето на вакцината на Pfizer и BiNTech, што покажува дека оваа потенцијална вакцина заштитила 90 проценти од вакцинираните волонтери од инфекција со новиот коронавирус.

Овие се, како што се вели, „многу подобри резултати отколку што се надевале повеќето експерти“. Босели открива дека регулаторните агенции биле подготвени, поради пандемијата и катастрофалната ситуација во многу делови на светот, да одобрат и вакцини со 50% ефикасност, само да не предизвикуваат сериозни несакани ефекти.

Во исто време, BioNTech, од своја страна, ја изнесе истата ефикасност на вакцините што ги развиваат во партнерство со Pfizer.

За вакцината на Pfizer/BioNTech во текст на DPA се наведува дека неодамнешното истражување покажало дека не предизвикува сериозни несакани ефекти.

Guаrdian, пак, го цитира д-р Алберт Бурла, директор на Pfizer:

„Денес е голем ден за науката и за човештвото. Првиот пакет резултати од нашата трета фаза на тестирање за вакцината против COVID-19 покажува првични докази дека нашата вакцина е способна да заштити од COVID-19".

Третата фаза вклучува 43.500 волонтери избрани по репрезентативен примерок по пол, возраст, етничка припадност и раса. DPA известува дека кај 93 од нив досега е дијагностицирано присуство на коронавирус и дека кога бројот ќе достигне 164, двете компании ќе ги комплетираат своите податоци и официјално ќе се знае до кој степен вакцината штити. Односно, покрај заштитата на претпоставените 90 проценти, колкави се процентите на заштита од тешки форми на болест кај оние кои сè уште се разболуваат и покрај вакцинацијата.

DPA ги пренесува и реакциите на голем број германски научници кои рапидниот развој на вакцината го оценуваат како „неверојатен“ успех. BioNTech и Pfizer планираат да ги произведат првите 50 милиони дози на вакцината до крајот на годината, а 1,3 милијарди дози до крајот на следната година.

Pfizer во средината на октомври најави дека ќе побара одобрување за својата итна вакцина во ноември, што во тоа време сè уште изгледаше неверојатно, но многу амбициозно.

Само една недела подоцна, ресорното министерство на германската влада објави дека има намера да обезбеди сè што е потребно за вакцинирање против коронавирус до крајот на годината.

Тоа е спектакуларен успех за науката и технологијата, веројатно и за фармаколошкото производство, бидејќи Германија инвестираше милијарди државни пари во производство на вакцини, 750 милиони евра само во CureVac, на пример.

И покрај ова, властите во Берлин не очекуваа ефикасна, потврдена вакцина, произведена и дистрибуирана според правилата на науката и професијата до летото 2021 година. Сега, сепак, излезе дека производството на вакцини, што може да трае со децении, успеа да се скрати на помалку од една година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе