СЕРИЈА А 2020/21

Пирло: Не е до Фиорентина, ние бевме ужасни

Тренерот на „Старата дама“ вината за синоќешната бламажа целосно ја гледа во своите редови.

Јувентус за прв пат сезонава запиша пораз во Серија А и тоа на домашен терен од Фиорентина, тим кој сезонава игра очајно и за кого ова беше само трета победа.

Уште по три минути игра одбраната на Јувентус капитулираше, а набрзо тимот на Андреа Пирло остана со десетмина откако Хуан Куадрадо оправдано беше исклучен.

„Црвениот картон не смее да се употребува како алиби. Резултатот не беше поради играта на играчите на Фиорентина, туку поради нашето незалагање“

„При такви случаи се случуваат и вакви лоши ситуации. Во предбожикните натпревати може да се случат вакви опуштања бидејќи на играчите паметот знае да им одлета во празниците. Бевме дефокусирани и не можевме да се вратиме во игра“, вели Пирло за Sky Sport Italia.

„Исклучувањето за мене е оправдано. Можеше да има и некои одлуки во наша корист, но тоа е нешто за кое не сакам да коментирам - можете сами да погледнете“.

Пирло беше прашан за играта на капитенот Леонардо Бонучи кој синоќа беше најслабата алка во тимот на актуелниот шампион. Дефанзивецот има вина за трите гола на Фиорентина, а згора на тоа воопшто не му одеше бидејќи доби само половина од десетте дуели кои ги имаше, што е лош процент за еден искусен дефанзивец.

„Лоша ноќ како оваа може секому да се случи. До овој момент тој играше одлично. На секого му се случува. Тој е наш капитен и ние сѐ уште имаме голема доверба во него“, очекувано Пирло застана во негова одбрана.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Read more

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе