СЕРИЈА А 2020/21

Фиорентина се прошета во Торино, прв пораз за Јуве

Вистинска бламажа претрпе Јувентус синоќа и тоа на свој терен губејќи со 0:3 од Фиорентина која прв пат сезонава победува на гостински терен.

Дека нема да биде успешна ноќ за „Старата дама“ порача Душан Влаховиќ уште по само три минути кога по еден контра напад ја смести мрежата зад грбот на Војчех Шченсни.

Потоа во 18. минута се случи нов пех за Јуве откако Хуан Куадрадо заработи исклучување. Со отворен ѓон ја нападна ногата на Гаетано Кастровили, а главниот судија Федерико Ла Пена прво му додели жолт картон, но по интервенција на ВАР оправдано ја смени одлуката во директен црвен.

На вториот гол се чекаше до 76. минута. Кристијано Бираги нафрли од левата страна, а во шестнаесетникот Алекс Сандру си ја затресе сопствената мрежа со една несмасна интервенција.

Само пет минути подоцна поранешниот играч на Јуве, Мартин Касерес, ги постави конечните 3:0 по нова асистенција на Бираги, кој пак летово пристигна од Интер.

Remote video URL

Ова е само прв пораз за Јувентус сезонава, но интересно, синоќа „Старата дама“ остана уште без 3 бода откако арбитражниот суд на Италија му ја одзема службената победа против Наполи. Така, сега Јуве има 24 бодови, шест, односно пет бодови помалку од Милан и Интер кои своите натпревари ги играат денеска.

Со ова коло завршува есенскиот дел во Серија А бидејќи следува мини-пауза до 3 јануари.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе