УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Пирло: Овој Јуве е сѐ уште во изградба, Барса е многу пред нас

„Овој пораз ќе нѐ направи подобри, мораме многу да се подобриме за да го стигнеме нивото на Барселона“, вели стратегот на Јувентус за синоќешниот пораз.

Андреа Пирло не бара изговори за поразот од 0:2 среде Трино кој неговиот тим го претрпе синоќа во 2. коло од Лигата на шампионите од моќната Барселона.

„Тежок натпревар против екипа која знае да игра и е многу пред нас. Ние сме екипа во изградба со играчи на кои ова им беше само втор натпревар во Лигата на шампиони. Поразот ќе ни послужи за да се подобриме“, почна Пирло на пресот по натпреварот.

Пирло синоќа мораше да игра без повредените Алекс Сандру, Џорџо Кјелини и Матајс де Лихт, како и без Кристијано Роналдо кој сѐ уште е позитивен на COVID-19.

„Очекувам во најбрзо време да имам на располагање и други играчи бидејќи тимот ни е моментално ограничен па оние кои ги вадам на терен мораат да играат по 90 минути“.

„Овој пат и Ремзи беше на клупата, но не можеше да игра, се надевам и другите набрзо ќе се вратат и што побрзо ќе ги имам на располагање. Кога останавме со 10 играчи премногу се трошевме на пресинг трчајќи во празно“.

„Мораме подобро да се позиционираме на теренот. На моменти Кулушевски и Дибала беа премногу блиску. Кјеза го чувавме на длабочина, но мораме да бидеме побрзи во префрлувањето на топката кога таа треба да стигне то крилата“, рече тој во однос на тактичката поставеност.

Новинарите во Италија му посочија дека средниот ред синоќа бил многу понеквалитетен во однос на оној од 2015 кога самиот Пирло играше, а тогаш Јуве загуби во финалето токму од Барселона.

„Се работи за циклуси, сега имаме млади играчи како Бентанкур и Артур, потоа и Рабјо, им треба натпревари и искуство. Направивме многу грешки при преминот од одбрана во напад. Потребно е да се подобриме за да стигнеме на такво ниво да играме рамноправно со Барселона“, заврши стратегот на „Старата дама“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе