Благодарение на омилениот пивски бренд „Скопско“, во духот на неговиот слоган „За нас“, денеска жителите на Гевгелија добија нов летниковец, донација од „Пивара Скопје“.
Ова ново место за дружење и за рекреација, каде што граѓаните на оваа општина ќе имаат можност да го поминуваат времето заедно и да го негуваат маалскиот живот, беше дочекано со задоволство.
Летниковецот во Гевгелија е најновата донација од вкупно 15 летниковци, кои ќе бидат поставени во различни општини низ земјава, а која произлезе токму од духот на „Скопско“ пиво, кое со својата најнова кампања нè потсетува на пријателствата, маалските анегдоти и приказни и на сите други мали нешта што ни значат, нè зближуваат и нè радуваат.
*Промотивен текст