Миралем Пјаниќ изрази задоволство за неговиот трансфер во Барса.
„Барселона е еден од најдобрите клубови во светот. Да се биде дел од овој клуб е голем успех. Среќен сум, горд сум не само за мене, туку и за моите родители и цела Босна и Херцеговина“, изјави Пјаниќ.
Според него, успехот е резултат на напорна работа.
„Не можам да дочекам да излезам на „Камп Ноу“. Ќе дадам сè за овој клуб“, додаде Пјаниќ.