Пленковиќ: Хрватска го продолжува вакцинирањето со AstraZeneca

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска соопшти дека во земјата продолжува вакцинацијата со вакцината на AstraZeneca и дека ќе се сочека и Европската агенција за лекови (ЕМА), која својот конечен став го најави за четврток.

– Ставот на струката во ова конкретно прашање е дека придобивките од вакцинацијата се поголеми од какви било познати ризици во моментов, рече хрватскиот премиер пред новинарите во Дарувар, откако се повеќе земји привремено одлучија да ја прекинат вакцинацијата со AstraZeneca заради појавата на згрутчување на крвта кај некои лица кои ја примиле вакцината.

Пленковиќ додаде дека се консултирал со претставници на Хрватската агенција за лекови, Хрватскиот институт за јавно здравје и Министерството за здравство.

– Никој од колегите кои се експерти, кои се лекари, за разлика од политиката, во овој момент нема докази врз основа на кои Хрватска во овој момент треба да престане да вакцинира со AstraZeneca, потенцира Пленковиќ.

Хрватскиот премиер денеска, преку видео-врска, учествуваше и на средбата во Виена со своите колеги од Австрија, Словенија, Бугарија, Чешка и Латвија.

Тој по средбата изјави дека е договорено шесте земји членки на ЕУ заеднички да „апелираат за корективен механизам во врска со дистрибуцијата на вакцините“ и објасни дека тоа значи дека оние земји кои примаат помалку дози на AstraZeneca да добијат повеќе дози на вакцини од друг производител и на тој начин да го компензираат доцнењето.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе