Веќе се издвојуваат трендовите за оваа сезона пролет-лето, почнувајќи од мода, преку шминка, ентериер, и секако – фризури.
Плетенките повторно ќе бидат актуелни, но за разлика од претходно, кога беа дел од романтичната естетика и се носеа асиметрично, растресено и боемски, сега приказната е поинаква.
Оваа пролет и лето, плетенките ќе бидат строги, стегнати, суперсјајни и препорачливи и за во строга бизнис средина или за елегантни вечерни излегувања.