Оваа мапа претставува резултат на долгогодишна работа и ги прикажува сите 3.016 неврони и 548 илјади врски во мозокот на овошната мува.
Авторот на студијата, Мајкл Виндинг од Катедрата за зоологија при Универзитетот во Кембриџ, објасни дека над 80 луѓе учествувале во овој 12-годишен проект. Прво го пресекле мозокот на мувата на 5.000 делови и направиле микроскопски фотографии, а потоа ги собрале сите заедно. Тимот потоа ја испитувал секоја од тие фотографии и ги идентификувал врските меѓу нив.
На крајот, како што тврдат, тоа резултирало со големи изненадувања. Пред сè, затоа што двете хемисфери на мозокот биле екстремно поврзани и изгледале како да се слични. Понатаму, речиси 75% од невроните биле поврзани со центарот за учење, додека мозокот имал повеќе слоеви со врски меѓу нив и користел кратенки кои ги прескокнувале слоевите - веројатно за да се компензира малиот број на неврони.
Но, можеби најголемото изненадување било откритието дека една третина од врските во мозокот на мувата не ја следат шемата во која невроните испраќаат сигнали низ долгите аксони и ги примаат преку пократки дендрити, туку дека се одвиваат помеѓу два аксона, помеѓу два дендрита или од дендрит до аксон.
На крајот, научниците наведуваат дека иако делува како мозокот на мувата да нема никаква сличност со човечкиот, кој има околу 86 милијарди неврони и стотици трилиони синапси - излегува дека и двета имаат региони одговорни за носење одлуки, учење и навигација.