По 15 години Инсиње го напушта Наполи и тоа за Торонто

Еден од најдобрите играчи на Наполи во јуни си заминува од клубот и тоа преку Барата, тврдат италијанските медиуми.

Договорот на Лоренцо Инсиње со клубот од Неапол истекува во јуни 2022, а нема никакви најави дека на повидок е продолжување на соработката бидејќи двете страни има крајно различни барања.

SportMediaset тврди дека Инсиње веќе ги договорил условите со канадскиот клуб кој се натпреварува во МЛС лигата, а деталите може да бидат обелоденети уште сега во јануари. Наводно, 30-годишниот офанзивец ќе заработи 9,5 милиони евра за 5-годишен договор.

Причината зошто нема намера да остане во Наполи е тоа што управата му понуди нов договор за 3,5 милиони евра по сезона, што е помалку од оние 5 милиони кои ги заработува сега.

Инсиње лесно би можел да најде друг клуб во Италија каде заинтересиран за неговите услуги е Интер, додека го сака и Тотенхем на Антонио Конте. Според неговиот агент Винченцо Пизакане, Инсиње сака да замине што е можно подалеку за да не се доведе во ситуација еден ден да треба да игра против својот Наполи.

Инсиње е дете на Наполи во чија академија се приклучи кога имаше 15 години. Освен позајмиците во Кавезе, Фоџа и Пескара, никогаш не настапувал за друг клуб. Оттаму, локалпатриотизмот не му дозволува да заигра за некој ривал. Роден е во Фратамаџоре, предградие на Неапол.

Досега има одиграно вкупно 414 натпревари за „Партенопеите“ со 114 постигнати голови, но Инсиње никогаш не успеа да освои позначаен трофеј. Двапати Копа Италија и еден триумф во Суперкупот се премалку за амбициозниот состав на Наполи кој и сезонава се бори за Скудетото, што е последна шанса за Инсиње да дојде до овој драгоцен пехар.

Торонто се обудува да се врати на врвот во МЛС каде сезонава заврши на разочарувачкото 13-то место во Источната конференција, или претпоследно 26-то место во генералниот пласман. Во 2017 ја освои МЛС, а тогаш тимот беше предводен од друг Италијаец, Себастијан Џовинко.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фудбал

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Read more

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе