По 35 години се сретнаа Шварценегер и Девито, браќата од хитот Twins

Арнолд Шварценегер на својот Instagram профил објави фотографија со легендарниот Дени Девито, а фановите кои ги гледаа во филмот „Twins“ беа воодушевени од нивното повторно обединување.

Арнолд позираше со легендарниот актер Дени Девито и неговата ќерка Луси Девито, а фотографијата многумина потсети на комедијата „Twins“ (Близнаци) од 1988 година во која глумеа заедно.

„Мојот брат! Беше фантастично да се види Дени на Бродвеј во 'I Need That'. Тој, Луси и сите вклучени ја забавуваа публиката, ја насмеаа и уживаа во секоја минута - една од најдобрите претстави што сум ги видел, вистински спектакл“, напиша Арнолд во описот и го пофали новиот потфат на својот пријател.

По одличниот филм „Twins“, Арнолд и Дени планираа да направат продолжение - на проектот се работи веќе некое време, но беше одложен откако режисерот на оригиналниот филм, Иван Рејтмен, почина на 75-годишна возраст во февруари 2022 година. Студиото Universal го најави продолжението уште во 2012 година.

Рајтман требаше да се врати за продолжението, во кое браќата ќе откријат дека се тројка, па оттаму и продолжението ќе се вика „Triplets“.

Имаше знаци дека Еди Марфи ќе ѝ се приклучи на екипата во продолжението, а неодамна излезе информација дека Трејси Морган наводно треба да ја преземе улогата.

„Рејтмен навистина сакаше да го направи тоа. Јас многу сакав да го направам. Дени Девито силно сакаше да го направи тоа. Но, кога Рејтмен почина, неговиот син реши да стави сè на чекање“, изјави неодамна Арнолд.

Сепак, фановите нема да бидат разочарани бидејќи Арнолд откри дека работи на нов филм со Дени.

реклама

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Филм & ТВ

Ѕвездата од Baywatch на 56 години се приклучи на OnlyFans: Ветувам дека нема да се разочарате

Read more

Адриен Броди и Шон Пен во Загреб снимаат филм инспириран од руско-украинската војна 

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Искрен трејлер за Masters of the Universe

Read more

Сцена

Ѕвездата од Baywatch на 56 години се приклучи на OnlyFans: Ветувам дека нема да се разочарате

Читај повеќе

Адриен Броди и Шон Пен во Загреб снимаат филм инспириран од руско-украинската војна 

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

9 август 1986: Последниот концерт во живо на Queen со Фреди Меркјури

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Masters of the Universe

Читај повеќе
  • filter

Мајли Сајрус позираше во досега најпровокативно издание

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Mayday со Рајан Рејнолдс

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кои 10 актери се фаворити за новиот Џејмс Бонд?

Читај повеќе