По четири години затвор за Костовски и Паневски, обвинетите за „Јавна соба“

Скопје, 11 март 2022 (МИА) – Основниот кривичен суд Скопје денеска им изрече затворски казни од по четири години на Дарко Костовски и Михаил Паневски, креатори на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Telegram. Тие се обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според обвинението, во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Telegram, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

На социјалната мрежа Telegram оваа група веќе е згасната. Обвинителството во овој предмет поведе постапка за ова кривично дело, бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази кои упатуваат токму на оваа правна квалификација.

Според обвинителот Владимир Милошевски, обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба“, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.

-Материјалните докази кои Обвинителството ги прибра ќе докажат дека обвинетите во критичниот период биле корисници на електронски уреди преку кои може да се врши комуникациија на социјалните мрежи, дека во наведениот период ја имале инсталирано наведената апликација на уредите и дека на истата активно учествувале во својства како што се наведени во обвиниението. Обвинителството ќе докаже дека во тој период на наведената сицијална мрежа од страна на нејзин член во групата бил споделен материјал кој содржи очигледен полов акт со дете, посочи обвинителот Милошевски.

Обвинителот предложи мерката куќен притовор да се продолжи до издржување казна затвор на обвинетите, поради тоа што можноста за бегство се мултиплицира во конкретниот случај.

Адвокатите на обвинетите на денешното судење побараа за се укине мерката куќен притвор или да биде заменета со друга поблага меркам имајќи предвид дека Костовски и Паневски биле подолго време, односно околу 13 месеци во куќен притвор.

Судот по советувањето донесе решение мерката куќен притвор против обвинетите Дарко Костовски и Михаил Паневски да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од изречената казна затвор, заради тоа што се уште смета дека постои опасност од бегство на обвинетите.

Предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе