По Полска, и Грција ќе бара репарации од Германија

Прашањето за компензација на штетите нанесени за време на Втората светска војна „останува отворено“ за Грција, изјави грчкиот министер за надворешни работи, најавувајќи дека неговата земја може да го следи примерот на Полска која и официјално побара Берлин да ѝ исплати репарации.

Грција се нема откажано од прашањето за репарации од Германија во врска со штетите претрпени од нацистичката окупација за време на Втората светска војна, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

Зборувајќи на заедничка прес-конференција со неговиот полски колега Збигњев Рау во Варшава, Дендиас рече дека „за грчката Влада и грчкото оштество останува отворено ова прашање“.

„Неговото решение, кои пред сѐ е прашање на принцип, мислам дека ќе им биде од корист на сите инволвирани држави, како и на самата ЕУ“, изјави грчкиот министер.

Дендиас прашањето за репарација го има покренато неколку пати во минатото. Лани, на 77-годишнината од Дистомо масакрот, каде силите на злогласната Вафен-СС убиле 228 мажи, жени и деца во истоименото грчко село во областа Беотија, во 1944 година, рече дека германска компензација „де факто ќе значи извинување за криминалите извршени од германските окупациски трупи“.

Германски нацисти во селото Дистомо

Грчкиот министер во јуни се сретна со германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, која тогаш рече дека нејзината земја ова прашање го смета за затворено, но и истакна дека Германија сѐ уште чувствува одговорност за своето нацистичко минато. Било каков процес на помирување може да вклучува инвестиции во градови и села кои биле цел на германската окупација, како и помош за грчките Евреи, објасни тогаш германската министерка.

За време на нацистичката окупација беа убиени околу 300 илјади Грци. За време на Втората светска војна во североисточниот дел на Грција беа и бугарските фашисти кои вршеа злосторства во (Егејска) Македонија и Тракија. засега нема најави дека Грција ќе бара репарации од Бугарија.

Во 2019 година грчката парламентарна комисија процени дека износот на нанесената штета предизвикана од окупацијата изнесува 289 милијарди евра.

Грција тврди и дека Германија сѐ уште ѝ должи милијарди како репарација за штетите нанесени во Првата светска војна.

Прашањето за репарации од Германија неодамна се врати на сцената откако го покрена полската Влада. Во понеделникот, полскиот министер за надворешни работи испрати формална нота до Германија во која официјално побара исплата на репарација од 1,2 илјади милиајрди долари за материјална и друг вид на штета и загуби кои Полска тврди дека ги претрпела од рацете на германските нацисти помеѓу 1939 и 1945 година.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе