По рекордни 355 дена на МВС астронаутот на НАСА се врати на Земјата

Астронаутот на НАСА, Марк Ванде Хеи, конечно се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица.

Хеи се врати дома по најдолгиот престој во вселената во историјата на НАСА, откако помина 355 дена на МВС. Така тој го собори рекордот на командантот Скот Кели, кој во 2018 година постави рекорд од 340 дена поминати на МВС.

Сепак, тоа не е апсолутен рекорд во човечките вселенски летови, бидејќи пред Хеј е рускиот космонаут Валериј Полјаков, кој поминал 437 дена и 18 часа во вселенската станица МИР во 1994-1995. Исто така, Пеги Витсон поминала 665 кумулативни денови во микрогравитација.

Програмата Human Research на НАСА веќе 50 години ги проучува ефектите на микрогравитацијата и вселенските летови врз човечкото тело, како и влијанието на долгите патувања во вселената.

Луѓето сѐ повеќе и повеќе се „шират“ во вселената, па во иднина сѐ повеќе луѓе ќе патуваат во орбитата и многу подалеку, но и ќе поминуваат повеќе време во вселената. Како резултат на тоа, ќе им треба медицинска помош, а за да го исполнат тоа, академските институти како што е Центарот за вселенска медицина при Медицинскиот колеџ Бејлор во Хјустон, Тексас, почнаа да обучуваат нова генерација на медицински лица со вештини потребни за одржување на здравјето на комерцијални астронаути.

Дури и релативно кратко патување до МВС има влијание врз човечкото тело, кое трпи сила од 3 G при лансирање на ракетата.

Забрзувањето на кое е изложено телото влијае на способноста да се задржи свеста. Необучените цивили ги чувствуваат ефектите од 3 до 4 G, но астронаутите можат да користат опрема и специјални одела за да ги издржат ефектите до 8 или 9 G. Незаштитеното човечко тело може да издржи до 5 G пред лицето да ја изгуби свеста.

По завршувањето на примарната и секундарната фаза на ракетата, удобноста на летот во вселената значително, но привремено, се подобрува. Ветеранот на НАСА, Лирој Чиао, кој собрал 230 кумулативни денови во вселената, рече дека по исклучувањето на моторот G силата ослабнала, се чувствувал бестежински и се чувствувал како да се тркалал напред, а неговиот мозок имал потешкотии да ги разбере чудните сигнали на човековиот системот за рамнотежа. Резултатот е вртоглавица, која може повторно да предизвика гадење. Истотака, има и притисок во главата. Во тој момент, гравитацијата не ја влече течноста во долните екстремитети, туку таа се крева во торзото. Во текот на следните неколку дена, телото исфрла околу 2 литра вода со цел компензација, а мозокот учи да го игнорира системот за рамнотежа. Телото се навикнува на околината во следните неколку недели.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе