NIKOLA Corporation ги претставува европските верзии на своите производи.
Тие беа претставени на меѓународниот салон во Хановер, Германија, а се работи за моделот Tre. Станува збор за камион кој ќе се нуди во две верзии – со батерија (BEV) и со горивни ќелии (FCEV).
Верзијата BEV има девет батериски модули со вкупен капацитет од 738 kWh, а нуди автономија од 530 км. Батериите може да се полнат на полнач со моќност до 350 kW, што значи дека се доволни 100 минути за полнење на батериите до 80 отсто капацитет. Погонот има моќност од 480 kW.
Nikola Tre FCEV Artic 6×2 е малку помал и со околу 70 кг водород складиран на притисок од 700 бари, може да помине до 800 км. Полнењето на резервоарот со водород трае само 20 минути. Оваа верзија не се очекува да излезе во продажба до 2024 година.
Зад развојот на варијантата на батерии стои звучното име - Iveco, па производството ќе започне и во погоните на брендот во Улм, Германија.