Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино ја одби секоја претпоставка за преземање на тренерската работа во Манчестер Јунајтед и изјави дека единствено се фокусира на сегашниот клуб.
Почетино во британските медиуми повторно беше доведен во врска со славниот клуб од Олд Трафорд откако во неделата Оле Гунар Солскјер доби отказ.
Аргентинецот рече дека единствен фокус му е ПСЖ и натпреварот со Манчестер Сити.
„Ние сме во професија во која секогаш постојат шпекулации, гласини, но тие работи не може да ви попречат. Фокусирани сме 100% на нашиот клуб, така што сум среќен во ПСЖ и фокусирани сме на постигнување што подобар резултат утре“, изјави тој на прес-конференција.
ПСЖ води со 11 бодови повеќе од второпласираниот во Франција, а со победата против Сити би обезбедил пласман во осминафиналето на Лигата на шампиони.