Француската актерка Натали Делон, една од најубавите жени во светот, ја изгуби битката со канцерот.
„Мојата мајка почина утрово во 11 часот во Париз, опкружена со семејството и пријателите“, рече нејзиниот син Антони Делон за AFP.
Како што изјави тој, Натали Делон почина на 80-годишна возраст.
Таа се стекна со голема слава со улогата во филмот „Le Samourai“. Во познатиот класик глуми и актерот Ален Делон со кој Натали беше во брак од 1964 до 1969 година.