Врвниот американски актер Реј Лиота почина денеска на 67-годишна возраст.
Светските медиуми пренесуваат дека тој починал во сон во Доминиканската Република каде го снимал филмот „Dangerous Waters“.
Лиота се прослави со улогата во криминалистичката класика на Мартин Скорсезе „Goodfellas“, каде оствари една од култните сцени.
Многумина сè уште сметаат дека „Goodfellas“ е најдобриот филм со мафијашка тематика што некогаш е снимен.
Актерот по смртта зад себе ја остави ќерката Карсен, а беше верен со Џејси Нитоло со која наскоро планираше свадба. Во последно време работеше на многу проекти, иако долго време го немаше на филмското платно.