ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

Почна фудбалскиот турнир на ЛОИ, Шпанија е апсолутен фаворит

Денеска почна фудбалскиот турнир за мажи на Олимписките игри во Токио, а репрезентацијата на Шпанија е апсолутен фаворит.

Шпанците ќе го отворат турнирот со денешниот натпревар против Египет во Сапоро. „Фуријата“ однесе исклучително силен тим во Токио во кој се стандардните првотимци од неодамна завршеното ЕУРО - голманот Унаи Симон, дефанзивците Пау Торес и Ерик Гарсија, играчот за врска Педри и напаѓачите Дани Олмо и Микел Ојарсабал.

Освен нив, тука е и ѕвездата на Реал, Марко Асенсио како еден од тројцата играчи постари од 23 години, и Дани Себалос, кој е и капитен на овој тим.

Ќе видиме и некои ветерани на турнирот. Франција ќе ја предводи 35-годишниот капитен Андре-Пјер Жињак, а Бразил 38-годишниот Дани Алвис.

Турнирот се игра во Токио, Јокохама, Кашима, Рифу, Саитами, Чофу и Сапоро. Двете најдобри екипи од четирите групи се пласираат во четвртфиналето, а финалето е закажано за 7 август во Јокохама.

Распоред на првиот натпреварувачки ден:

Група А: Мексико - Франција (10 часот), Јапонија - Јужна Африка (13 часот).

Група Б: Нов Зеланд - Јужна Кореја (10 часот), Хондурас - Романија (13 часот).

Група Ц: Египет - Шпанија (9:30 часот), Аргентина - Австралија (12:30 часот).

Група Д: Брег на Слонова Коска - Саудиска Арабија (10:30 часот), Бразил - Германија (13:30 часот МРТ1)

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе