Почнува Моден викенд Скопје: Рекордерката Ирина Тошева го отвора јубилејното издание

Познати имиња, нови таленти и странски гости за десетгодишнината од настанот.

Дваесеттата сезона на најголемото домашно модно случување ќе се одржи од 1 до 3 ноември во Музејот на град Скопје, приклучувајќи се кон прославата на 70-тиот јубилеј на овој монументален објект во метрополата.

Под слоганот „Десет години заедно – приказната продолжува“, Моден Викенд Скопје ќе навлезе во втората декада од своето постоење.

Честа да го отвори дваесеттото издание на настанот ѝ припадна на дизајнерката Ирина Тошева, која го држи рекордот по број на учества во изминатите десет години.

Стартот на викендот ќе го означи зимската колекција „REM“ со нејзин потпис, чиј појдовен мотив е ликовното творештво и надреализмот. Изработката е со еколошки материјали од банана и пченка, како алтернатива за памукот. Таа е дел од поддржаните проекти од национален интерес за 2019 година од Министерството за култура.

По неа следуваат ревиските презентации на Кренаре Ругова, добро позната и секогаш добредојдена гостинка од Косово, како и брендот за луксузен накит и префинети модни додатоци SIGMA Jewelry. За обожавателите на концептуалинот дизајн, пак, наградуваната платформа ИВАН АСЕН 22 од Софија, ќе приреди спектакуларно визуелно доживување, со мултимедијален приказ на инсталацијата „+7 HOURS“.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Стил

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Read more

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more
 

Магазин

  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе