Сите во научните кругови беа возбудени кога беше објавено дека вселенската сонда Parker на вселенската агенција НАСА за првпат го допре Сонцето, пробивајќи ја неистражената Сончева атмосфера, позната како корона.
Подеднакво, ако не и повеќе, возбудливо е видеото кое го прикажува моментот кога сондата влегува во Сончевата корона.
Снимката се состои од поединечни снимки направени во периодот од 8 до 12 август годинава, при најблиското приближување до Сонцето.
Според Science Alert, сè изгледа како сцена од научно-фантастичен филм со Млечниот Пат во позадина - соларен ветер и таканаречените блескави стримери исполнети со електрони.
Сондата, инаку, прелета низ короната во април, за време на осмото приближување до Сонцето, а на научниците им требаа неколку месеци за да ги вратат податоците и уште толку за да ги потврдат.