Погледнете како е уништен воениот конвој на ерменските сили
Министерството за одбрана на Азербејџан објави снимка од уништување на ерменски воени колони во текот на воените операции во Нагорно-Карабах.
Ситуацијата ескалира минатата недела, а двете земји меѓусебно се обвинуваат за предизвикување на конфликтот. Во Ерменија е објавена воена состојба и општа мобилизација.
Во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.
Меѓународната заедница повика на воздржаност на двете страни, но истовремено ситуација се влошува поради фактот дека Турција, која е членка на НАТО, активно го поддржува Азербејџан.