Покрената истрага против Маск за неговите постапки во врска со Twitter

Кајгана / МИА
/ 14.10.2022 / 08:54

Американските федерални власти покренаа истрага против американскиот милијардер Илон Маск поради неговото однесување при преземањето на компанијата Twitter, се наведува во судскиот поднесок.

Иако е наведено дека е под истрага, не е точно прецизирано кој е фокусот на истрагата и кои федерални власти ја спроведуваат. Маск побара од судијата минатата недела да го одложи неговиот процес со Twitter до 28 октомври, што судијата во државата Делавер го одобри.

Спорот меѓу Twitter и Маск е поради нерешено финансирање на договорот за купување на социјалната мрежа постигнат во април, вреден 44 милијарди долари.

Маск и компанијата Twitter во наредните денови би можеле да постигнат договор за прекин на судскиот спор, што ќе му овозможи на најбогатиот човек на светот да ја купи компанијата за 44 милијарди долари.

Маск, кој е и директор на компанијата Tesla, му предложи на Twitter, доколку компанијата го прекине спорот со него, да се согласи со условите од договорот постигнат во април – да ја купи компанијата за 54,20 долари по акција.

Во обид да се прекине судскиот спор, двете страни се согласија сведочењето на Маск на прелиминарното рочиште во Делавер, кое беше закажано за денес, да биде одложено, но дека преговорите за прекинување на процесот ќе продолжат. Судењето претходно беше закажано за 17 октомври.

По најавите во вторникот дека Маск ќе продолжи со преземањето на Twitter, тргувањето со акциите на социјалната мрежа беше прекинато.

Маск се повлече од договорот неколку недели подоцна, наведувајќи ја загриженоста дека бројот на ботови на платформата е поголем отколку што тврдеше Twitter.

Twiiter ги отфрли обвинувањата и го тужеше Маск за да го принуди да го спроведе договорот, по што дојде до голем пад на цената на акциите на компанијата Tesla на Маск. 

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе