Пол Сколс брутален: И Меси би се мачел во овој Јунајтед

Пол Сколс повторно беше немилосрден во коментарите кон својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Овој пат предмет на расправа беше Алексис Санчез, Чилеанецот кој изминатава зима пристигна на Олд Трафорд како најплатен клупски играч.

Мора да се признае дека Санчез е далеку од очекуваната форма откако му се приклучи на Јунајтед, а всушност, навивачите на овој клуб се уште го немаат видено во вистинско светло.

За потсетување, Јунајтед го доведе Чилеанецот поради желбата во трката за неговиот потпис да се победи градскиот ривал Сити предводен од Гвардиола, а дури потоа и поради неговите фудбалски квалитети.

Тоа се гледа и на теренот во однос на тоа дека Мурињо никако не успева да го вклопи во својот состав. Со ова се согласува и легендарниот Пол Сколс кој смета дека трансферот на Санчез во Јунајтед е голем промашок.

„Знам дека Алексис има некои квалитети и дека е добар играч, но никогаш не го гледав како играч на Манчестер Јунајтед. Малку е себичен, некој кој сака да игра само за себе. Не мислев дека е играчот кој ни е потребен, посебно не за тие пари. Не знам како ќе се ослободиме од него сега кога толку многу заработува, ми се чини дека потпиша само за да не оди во Манчестер Сити“, вели Сколс.

Легендата на клубот вели дека ниту Чилеанецот не е единствениот на кого му треба време за адаптација во овој состав.

„Имам чувство дека сите играчи кои сега ќе дојдат во Јунајтед се мачат. Дури и да дојде Лионел Меси, сметам дека и тој би се мачел во овој Јунајтед“, додава Пол Сколс.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе