Полицаец дошол да растури журка, но на крај седнал да свири со бендот
Членовите на рок бендот Vinyl Ambush добиле неочекувана посета од полицијата за време на нивната приватна свирка. Она што следело било уште понеочекувано.
Полициска екипа пристигнала на местото на журката во Торонто по пријава за врева од соседите. Бендот и полицајците разговарале и се договориле да се заврши журката до 21 часот и 30 минути и да се намали вревата. Кога полицајците се вратиле подоцна, а тинејџерите уште се журкале, членовите на бендот биле сигурни дека се во неволја.
На нивно огромно изненадување, полицаецот Кларк се покажал рокер во душа и само дошол да посвири со нив. Тој седнал на столчето на тапанарот и во униформа ја исвирил со нив нивната песна Curiosity како да вежбал со нив секој ден.