Поплави во Австралија: Авионите под вода во Квинсленд, крокодили шетаат низ градовите

Рекордни врнежи предизвикаа поплави на северот на сојузната држава Квинсленд, а властите очекуваат дека тоа всушност ќе биде најлошата поплава во историјата на овој австралиски регион, јавува BBC.

Илјадници луѓе се евакуирани, но многумина сѐ уште се заробени. Екстремните временски услови донесоа тропски циклон, а во некои области падна и годишното количество дожд. Фотографиите објавени на интернет покажуваат потонати авиони на аеродромот „Кернс“, како и крокодили кои се појавуваат во центарот на градовите. Исто така, луѓето бегаат од своите домови користејќи чамци.

URL

Сѐ уште нема извештаи за исчезнати или загинати лица. Досега се спасени стотици луѓе, поплавени се многу куќи и патишта, прекинато е снабдувањето со електрична енергија, додека водата за пиење е при крај.

URL

Од почетокот на невремето во Кернс паднаа повеќе од два метра дожд. Премиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс, рече дека тоа е најлошата природна катастрофа на која може да се сети. Тој е особено загрижен за оние што се заробени во областите каде што нивото на водата расте, како што се оние во градот Вујал Вујал, на околу 175 километри од Кернс.

Девет лица, меѓу кои и болно дете, ноќта ја минале на покривот на болницата бидејќи спасувачката екипа не можела да стигне до нив. Сепак, тие беа спасени денеска, но властите тврдат дека целиот град мора да биде евакуиран.

URL

Метеоролозите прогнозираат дека дождот ќе продолжи да паѓа, а и плимата ќе биде висока, што ќе влијае на пониските населби. Сепак, од вторник се очекува намалување на врнежите, но реките допрва треба да го достигнат највисокото ниво, а се очекуваат рекорди и во овој случај.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе