Поранешни членови на банди првпат се гледаат без тетоважи
Британскиот фотограф Стивен Бартон изненади група поранешни членови на банди кога им покажа нивни фотографии на кои со помош на дигитална технологија им ги отстранил тетоважите.
Бартон вели дека наовој начин сака да им стави „човечко лице“ на луѓето кои многу често се „демонизирани во општеството“. Во проектот вклучил 27 поранешни членови на банди со тетоважи карактеристични за бандите на кои припаѓаат.