Cayenne E-Hybrid може да помине до 44 километри ако се вози само со помош на електрична енергија.
Најновата генерација на SUV моделот на Porsche доби хибриден погонски систем кој се состои од 3.0 V6 турбо бензинец со 339 коњски сили, електромотор кој произведува 136 коњски сили, односно литиум-јонски батерии со капацитет од 14,1 kWh.
Вкупната комбинирана сила на хибридниот погон достигнува до 461 коњски сили.
Автомобилот од 0 до 100 забрзува за околу пет секунди, додека максималната брзина изнесува 252 километри на час.
Според фабричките податоци, Cayenne E-Hybrid е во состојба само со помош на струја да помине до 44 километри, пред да му се испразни погонската батерија.
Кога е празна, батеријата во потполност се полни за неполни 8 часа, ако се користи стандардниот полнач од 7,2 kW.