Поскапе пастата во Италија, граѓаните најавија бојкот

Цените на тестенините во Италија драстично се зголемија, па поради тоа гражаните најавија масовен бојкот на овие производи.

На Италијанците им дојде преку глава. Откако цената на пастата, најпопуларниот главен производ во италијанската кујна, вртоглаво порасна со двојно поголема стапка на инфлација, здружението на потрошувачи повика на еднонеделен штрајк кој започнува на 22 јуни, откако владата минатиот месец одржа кризен состанок во Рим и одлучи да не интервенира, пренесува AP.

„Со штрајкот сакаме да видиме дали ќе ги намалат цените, ако никој не купува паста. Цената на пастата е целосно непропорционална со трошоците за производство“, вели Фурио Тручи, претседател на здружението „Assoutenti“. Цените на храната нагло се зголемија во Европа повеќе отколку во другите економски сили, од САД до Јапонија.

Цените се високи и покрај падот на производствените трошоци од рекордно ниво, вклучувајќи го и пченичното брашно што се користи за правење тестенини. Продавниците и добавувачите се обвинети за „алчна инфлација“, но економистите велат дека профитот на мало е стабилен, а проблемот лежи во повисоките трошоци за производство на храна.

Некои влади, под притисок, ги ограничија цените на основните производи или склучија договори со продавниците за да ги намалат трошоците, потег што е популарен во јавноста, но всушност може да ги влоши цените на храната. Купувачите како Ное Бореи, 26-годишна купувачка на намирници во супермаркет во Париз, велат дека ќе прифатат ограничувања на цените на некои видови храна за да им помогнат на работниците и студентите со ниски приходи. Решила да купува помалку месо и да оди во продавници со подобри цени.

„Неминовен факт е дека сите производи што се купуваат поскапеа за 20%, без разлика дали се работи за путер или бобинки. Јас веќе не купувам вишни бидејќи чинат 15 евра за килограм“, вели таа.

Француската влада постигна тримесечен договор со синџирите на намирници за намалување на цените на стотици основни производи и друга храна, а договорот се очекува да биде продолжен до лето. Обединетото Кралство, каде што инфлацијата го достигна највисокото ниво во последните 45 години, размислува за сличен потег.

Земјите како Хрватска и Унгарија, кои имаат највисока инфлација на цените на храната во ЕУ, ги ограничија цените на некои производи како што се маслото за јадење, некои парчиња свинско месо, пченично брашно и млеко. Италијанската влада вели дека ќе го зајакне мониторингот на цените со поблиска соработка со 20-те региони во земјата, но нема да воведува никакви ограничувања.

Шпанија избегна контрола на цените, но го укина целиот данок на додадена вредност на основните производи и ги намали даноците за маслото и тестенините на 5%. Цените на храната и безалкохолните пијалаци всушност паднаа во Европа, од 17,5% во 20-члената Еврозона во март до сè уште болните 15% во април. Но, економистите велат дека ќе поминат многу месеци пред да се стабилизираат цените во продавниците.

За споредба, цените на храната во САД се зголемија за 7,7% во април во однос на претходната година, 8,2% во Јапонија и 9,1% во Канада. Во Обединетото Кралство неверојатни 19%. Се очекува Европската централна банка повторно да ги зголеми каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата, додека Американската централна банка се очекува да не го прави тоа.

Тагови
реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Бизнис

Дали е на повидок нова нафтена криза?

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Доларот зајакна, цените на нафтата растат по израелскиот напад врз Иран

Read more

Акциите на Boeing нагло паднаа по авионската несреќа во Индија

Read more
 

Вести

Растат платите во ЕУ, дали ќе пораснат и цените?

Читај повеќе

Зошто Путин го прати Шојгу во Северна Кореја?

Читај повеќе

Уште еден земјотрес почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Читај повеќе

На средношколците во Италија им е забрането да користат мобилни телефони на час

Читај повеќе

ЕУ се откажува од увозот на руски фосилни горива и покрај ветото на Унгарија и Словачка

Читај повеќе

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Читај повеќе

Крај дилерското царство: Европол го разби најголемиот пазар на дрога на темната мрежа

Читај повеќе

Уапсен скопјанец, возел со 2,57 промила алкохол во крвта

Читај повеќе